Во терористички напад врз турска фирма во Сомалија загинаа 4 лица од кои еден турски граѓанин

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се нагласува дека се следи одблизу здравствената состојба на четворицата ранети турски граѓани во извршениот терористички напад

1556175
Во терористички напад врз турска фирма во Сомалија загинаа 4 лица од кои еден турски граѓанин

Во реализиран терористички напад врз една турска фирма во Сомалија загинаа 4 лица од кои еден турски граѓанин, а четворица турски граѓани се ранети.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се нагласува дека се следи одблизу здравствената состојба на четворицата ранети турски граѓани во извршениот терористички напад.

Во соопштението се истакнува дека жестоко се осудува извршениот напад и се вели следното: „Жестоко го осудуваме овој гнасен напад врз вработените на една турска фирма која работи на изградбата на магистралниот пат Могадишу-Афгоје и придонесува за развојот и просперитетот на Сомалија, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување, уште еднаш нагласуваме дека стоиме покрај пријателската и братска сомалиска Влада и покрај сомалискиот народ.“



Слични вести