Португалија официјално нов председавач со ЕУ

Главните агенди на Португалија се борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) и Брегзит

1555671
Португалија официјално нов председавач со ЕУ

 

Мандатот на привремено претседателствување со ЕУ, на 1 јануари од Германија премина на Португалија.

Главните агенди во следните 6 месеци на Португалија која во својата историја по 4-ти пат ќе го извршува мандатот претседател на ЕУ, се борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) и Брегзит.

ЕУ во овој процес се предвидува да се фокусира на спроведување на донесените одлуки за намалување на социо-економското влијание на епидемијата, процесот на вакцинација и резултатите од договорот за Брегзит.

Приоритетите на ЕУ во последниве години, како што беа плановите за еколошка и дигитална транзиција, исто така, ќе дојдат до израз за време на мандатот на Португалија.

Освен жешките теми на меѓународната агенда како што се Источен Медитеран, Либија и Сирија, односите меѓу Турција иЕУ исто така ќе бидат меѓу актуелните прашања на агендата на португалското привремено претседателствување кои бараат решение.

Откако новоизбраниот Бајден, кој беше избран за 46-ти претседател на Соединетите Американски Држави (САД), на 20-ти јануари ќе ја презеде должноста, се очекува да започнат тенденциите за подобрување на односите меѓу ЕУ и САД кои многу интензивно се влошија во периодот на Доналд Трамп.

На 1 јули, ротирачкото претседателство со ЕУ од Португалија ќе премине на Словенија.



Слични вести