Пофалби од францускиот новинар Мершет за лидерството на претседателот Ердоган

Ердоган е лидер, менувач на игри

1555586
Пофалби од францускиот новинар Мершет за лидерството на претседателот Ердоган

 

Жан-Доминик Мершет, новинарот на францускиот весник „Л’Опинион“ истакна дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган во конфликтите во Либија и Кавказ одигра улога на „лидер, менувач на игри“.

Мершет, во видео написот под наслов „Турција во 21-от век: Во умот на Ердоган“ кој беше објавен на веб-страницата на весникот, истакнува дека Ердоган, кој со Турција владее од 2003 година наваму во суштина е гласот на еден дел од земјата кој со години беше угнетуван.

Мершет рече дека кога Ердоган дојде на власт, наспроти него се наоѓаше воено туторство и дека во периодот на Ердоган на изборите се рефлектираше демократијата. Последните локални избори и победата на опозициските партии во Истанбул и Анкара претставуваат показател за тоа.

Мершет во продолжение рече дека  Европа, и покрај одлучните напори на Турција од 50-тите години на минатиот век наваму, за жал поради различни причини и изговори, ја затвори вратата за Турција. Основната причина за тоа е фактот дека таа не сака да прими земја што е домаќин на 80 милиони муслимани.

Во последно време, иако постојат економски проблеми, Турција постигна голем напредок во воената технологија, истакна Мершет потенцирајќи дека секој изминат ден Турција се повеќе напредува на тоа поле и благодарение на беспилотните летала коишто покажаа голем успех во операциите, Турција уште повеќе ќе ги развие односите со другите земји.

Француски новинар потенцираше на следното:

„Денес претседателот Ердоган има силна и активна војска којашто може да ја стави на маса. Турција е земја којашто се наоѓа на позиција и чија тежина може да се почувствува во Либија, Сирија, Кавказ и на други места. Таа е силен актер“.

Мнозинството на членовите на партијата се состојат од конзервативни сегменти на Турција, особено ако се земат во предвид податоците дека конзервативните сегменти на општеството не можеа слободно да ја живеат верата, беа затворени медресињата, изложени на притисок како што е забраната за носење марами односно забрадувањето. Но покрај сите забрани претседателот Ердоган најде можности за самоизразување. Ердоган својата моќ ја зајакна затоа што зад него е мнозинството “ рече Мершет.

Жан-Доминик Мершет, изјавувајќи дека Ердоган, на преден план се појави со стратешката храброст што ја покажа и со проектите за воените средства и оружје што ги оствари, потенцираше:

„Интервенцијата во Либија и Кавказ, ја смени играта, турските војници сè уште се Сирија.  Турција со поддршка на сојузникот Русија игра клучна улога во тамошниот конфликт“.

Мершет, во написот подвлече дека од периодот на Мустафа Кемал Ататурк (основачот на Република Турција), ниту еден турски лидер не успеа да изврши толку голема промена во длабочина.

 



Слични вести