Земјите на ЕУ едногласно го одобрија трговскиот договор со Велика Британија

Земјите на ЕУ едногласно го одобрија трговскиот договор со Велика Британија кој ќе стапи во сила на 1 јануари 2021 година

1553458
Земјите на ЕУ едногласно го одобрија трговскиот договор со Велика Британија

Земјите членки на Европската унија (ЕУ) едногласно го одобрија постигнатиот трговски договор со Велика Британија кој ќе стапи во сила на 1 јануари 2021 година.

Портпаролот на земјата привремен претседавач со Европскиот совет (ЕС) Германија Себастијан Фишер на својот профил на социјалната мрежа Твитер даде изјави во врска со состанокот Корепер во главниот град на Белгија, Брисел на кој се состанаа постојаните претставници на земјите членки на Европската унија (ЕУ).

Фишер укажа дека на состанокот беше разгледан договорот со којшто ќе бидат утврдени утврдени трговските односи меѓу Европската унија (ЕУ) и Велика Британија по Брегзит (излезот на Велика Британија од ЕУ).

Фишер рече: „Запалено е зелено светло на одговорот за Брегзит. Амбасадорите на земјите членки на ЕУ едногласно го одобрија привременото ставање во примена на Договорот за трговија и соработка меѓу ЕУ и Велика Британија почнувајќи од 1 јануари.“

Договорот се очекува да биде ратификуван и од страна на Парламентот на Велика Британија и од, Европскиот парламент (ЕП).

Велика Британија која на 31 јануари 2020 година официјално се оддели од Европската унија (ЕУ) водеше обемни преговори со Унијата по прашањето на меѓусебните односи на чело со трговијата.

Страните постигнаа компромис по прашањето на договорот со којшто ќе продолжи трговијата меѓу ЕУ и Велика Британија без царина и квота.

 



Слични вести