Во Нагорно Карабах загина еден азербејџански војник, а еден војник е ранет

Министерството за одбрана на Азербејџансоопшти дека вчера шест члена ерменска група изврши напад врз азербејџанските војници во правец на селото Агдам кај градот Хоџавенд при што еден азербејџански војник стана шехид (загина), а еден војник е ранет

1553196
Во Нагорно Карабах загина еден азербејџански војник, а еден војник е ранет

Во вооружен напад во Нагорно Карабах еден азербејџански војник стана шехид (загина), а еден војник е ранет.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека вчера шест члена ерменска група изврши напад врз азербејџанските војници во правец на селото Агдам кај градот Хоџавенд.

Во соопштението се вели дека во нападот стана шехид (загина) еден азербејџански војник, а еден војник е ранет. 

Се наведува дека се стои на можноста дека ерменската група од чија страна е извршен нападот да е илегална вооружена група или од составот на Ерменските вооружени сили кои треба да ја напуштат областа.

Во истото соопштение се предупредува дека доколку дојде до повторување на слични настани ќе бидат преземени сериозни мерки.



Слични вести