Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 18 починати, 296 новозаразени

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 18 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на вкупно 2.445 лица

1552904
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 18 починати, 296 новозаразени
super foto fransa korona.jpg
super foto fransa korona 2.jpg
super foto fransa korona 2.jpg
KORONAVİRÜS SÜPER
super foto fransa korona disneyland.jpg
super covid19 almanya.jpg
super covid19 ingiltere
super covid19 ingiltere
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
super covid19 4.jpg
super covid19 2.jpg
super covid19 hijyen2.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 771 илјада 981, на случаите на зараза изнесува над 81 милион 145 илјади, а досега оздравеа повеќе од 57 милиони 294 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 341 илјада 138 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 19 милиони 573 илјади 847. Директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести д-р Ентони Фаучи предупреди дека земјата „можеби се уште не го доживеа најлошото“ во епидемијата и рече дека „наредните неколку недели би можеле да бидат многу полоши“.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 191 илјада 146 лица, а на случаите на зараза изнесува 7 милиони 484 илјади 285 лица.

Во Италија, која моментално е земја со најголем број починати во Европа, со смртта на уште 305 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 71.925 лица. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 8.913 новозаразени изнесува 2 милиони 047 илјади 696 лица.

Во Велика Британија, со раст за уште 316 починати во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 70.752, а на инфектираните со регистрирани 30.501 новозаразен достигна до 2 милиони 288 илјади 345 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 173 лица со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 62.746. За еден ден во земјата се регистрирани 8.822 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 2 милиони 559 илјади 686 лица.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи изнесува вкупно 49.824, а на случаите на зараза 1 милион 869 илјади 610 лица. 

Во Германија, за еден ден од вирусот животот го загубија 345 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 30.502. Бројот на инфектираните со раст за уште 12.153 лица се искачи на вкупно 1 милион 665 илјади 322.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 18 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.445 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 296 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот достигна до 81.721 лице. 

Институтот за јавно здравје регистрира 511 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 59.231 лице.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 20.045 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји во светот е вака: 

Мексико 122.426, Аргентина 42.650, Колумбија 42.171, Перу 37.474, Полска 27.118, 

Белгија 19.200,Украина 17.774, Чиле 16.443, Романија 15.230, Канада 14.963, 

Еквадор 13.992, Холандија 10.998, Чешка 11.044, Швајцарија 7.210.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 10 милиони 208 илјади 725 инфектирани е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 147.940 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 54.778, а на случаите на зараза изнесува 3 милиони 050 илјади 248 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 54.693 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 1 милион 200 илјади 465. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 12.780 лица, а на случаите изнесува 591.597.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 9.929 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 473.309.

Во Саудиска Арабија, досега починаа 6.185, а се инфектирани 362.220 лица.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 3.226, а на инфектираните достигна до 401.470 лица. 

Во Индонезија, бројот на смртните случаи се зголеми на 21.237, а на случаите на зараза достигна до 713.365 лица.

Во Кина, изворната земја на новиот тип коронавирус (Ковид-19) бројот на починатите изнесува 4.634 лица, а на случаите на зараза 86.955. По наглиот раст во бројот на случаите на зараза од вирусот во главниот град Пекинг е прогласена „итна состојба“, а некои квартови се забранети за влегување и излегување. Како што се истакнува во областа ќе се изврши тестирање на 800 илјади лица во 92-ве лаборатории.

Во Јордан, во изминатите 24 часа животот го загубија 29 лица со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 3.758 лица. Бројот на случаите на зараза пак, со регистрирање на 1.590 новозаразени се искачи на вкупно 287.946 лица. Јорданскиот министер за здравство Назир Обеидат соопшти дека кај две лица во земјата е утврдена мутирана варијанта на новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто беше регистрирана во Велика Британија.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 62.903 лица, а на случаите на зараза достигна до 2 милиони 678 илјади 022.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 26.735, а потоа следуваат Египет со 7.405, Мароко 7.240, Тунис 4.466, Алжир 2.728, Етиопија 1.909, Кенија 1.658, Судан 1.468, Нигерија 1.254, Камерун 448 починати.

 



Слични вести