Русија натрупува војска и воена опрема во североисточниот дел на Сирија

Русија продолжува да го зајакнува своето воено присуство во Хасеке и околината, во североисточниот дел на Сирија, подрачје кое се наоѓа под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК

1553319
Русија натрупува војска и воена опрема во североисточниот дел на Сирија

Русија натрупува стотици војници, возила и друг вид воена опрема во североисточниот дел на Сирија.

Русија продолжува да го зајакнува своето воено присуство во Хасеке и околината, во североисточниот дел на Сирија, подрачје кое се наоѓа под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, со што бројот на своите војници го зголеми до 1.000.

Според добиени информации од локални извори, Русија во последниот еден месец ги интензивира своите активности за натрупување на војници и воена опрема во базите и другите воени пунктови во источниот дел на реката Еуфрат.

Руската армија, од својата воздушна база Хмејмим во Латакија во текот на месец декември со свои транспортни авиони испрати стотици оклопни транспортери и логистички шлепери во населеното место Камишли кај градот Хасеке.

Како последно минатата недела во Камишли кај Хасеке освен 2 воени авиони и 6 хеликоптери пристигнаа и голем број руски војници. 

Војниците се стационираа на аеродромот Камишли под контрола на Асадовиот режим и во руската база во негова близина.

По ова зајакнување бројот на руските војници кои се распоредени на аеродромот и околината се зголеми за два пати и достигна до 1.000.

Русија, собра на аеродромот Камшили и 1.200 лица кои се наоѓаа во редовите на режимот во ралични области на земјата и кои се избрани од групите коишто специјално ги поддржува.

Руските команданти на режимските војници кои се поделени во групи од по 300 лица им дава воена обука во сфери како што се користење на тешко оружје и снајпери.

Воените обуки почнуваат во раните утрински часови на аеродромот Камишли и секоја група се наоѓа под команда на руски командант.

 



Слични вести