Расистички напад врз камп со деца бегалци без придружба во Грција
Прексиноќа во областа Ореокастро во близина на Солун многубројна група Грци кои со ножеви, железни шипки и стапови се собрале пред бегалскиот камп кој делува под покровителство на црквата, овде одржале протест извикувајќи расистички слогани

Во Грција е извршен расистички напад врз камп во кој престојуваат деца бегалци без придружба.
Според вестите објавени во грчкиот печат, прексиноќа во областа Ореокастро во близина на Солун многубројна група Грци кои со ножеви, железни шипки и стапови се собрале пред бегалскиот камп кој делува под покровителство на црквата, овде одржале протест извикувајќи расистички слогани.
Напаѓачите потоа се обиделе да влезат во областа кадешто се наоѓал кампот со деца бегалци без придружба, но притоа биле спречени од страна на други граѓани и обезбедувањето на кампот.
Адвокатот на кампот Тодорис Карајанис во дадената изјава за печатот истакна дека во врска со случајот ќе поднесе кривична пријава до регионалното јавно обвинителство.
Во истата област во Грција и во 2016 и 2017 година беа доживеани насилства од широк обем за време на расистичките протести коишто беа одржани од страна на групите кои се противат на мигрантските кампови во земјата.