При потонување на руски рибарски брод во Баренцовото Море загинаа 17 лица

Во објавеното соопштение од страна на руското Министерство за итни состојби се истакнува дека при потонување на руски рибарски брод во Баренцовото Море, помеѓу Норвешка и Русија на Арктикот, животот го загубија 17 лица

1553251
При потонување на руски рибарски брод во Баренцовото Море загинаа 17 лица

При потонување на руски рибарски брод во Баренцовото Море, помеѓу Норвешка и Русија на Арктикот, животот го загубија 17 лица.

Во објавеното соопштение од страна на руското Министерство за итни состојби се истакнува дека рибарскиот брод по име „Онега“ удрил во мраз и потонал.

Министерството сооопшти дека на потонатиот рибарски брод се наоѓале 19 лица, од кои двајца се спасени, но останатите 17 лица биле извлечени мртви од морето.

Во соопштението се вели дека сите рибари кои се наоѓале на бродот биле руски државјани.



Слични вести