Продолжуваат протестите во Ерменија против премиерот Никол Пашинјан

На одржаниот протестен митинг на плоштадот на Републиката во главниот град Ереван, организиран од страна на опозицијата и покрај дождливото време учествуваа голем број демонстранти

1550924
Продолжуваат протестите во Ерменија против премиерот Никол Пашинјан

Во Ерменија продолжуваат протестите на кои се бара оставката на ерменскиот премиер Никол Пашинјан,  а коишто започнаа по претрпениот пораз пред азербејџанската армија во Нагорно Карабах кое се наоѓаше под окупација.

На одржаниот протестен митинг на плоштадот на Републиката во главниот град Ереван, организиран од страна на опозицијата и покрај дождливото време учествуваа голем број демонстранти.

На плоштадот кадешто беше поставена и сцена за одржување говор, протестирачите често извикуваа слогани со барање за оставка на премиерот Пашинјан.

Инаку, откако ерменскиот премиер Никол Пашинјан го призна поразот пред Азербејџан опозицијата во Ерменија на 10 ноември започна протести на кои ја бара оставката на Пашинјан и овие протести продолжуваат.



Слични вести