Ковид-19 во светот: Во Велика Британија утврдена уште една нова мутирана варијанта „501.V2“

Во Велика Британија е соопштено дека кај две лица кои дошле од Јужна Африка е утврдена уште една нова мутирана варијанта на новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто се шири многу побрзо

1550903
Ковид-19 во светот: Во Велика Британија утврдена уште една нова мутирана варијанта „501.V2“
super foto fransa korona.jpg
super foto fransa korona 2.jpg
KORONAVİRÜS SÜPER
super foto fransa korona disneyland.jpg
SPR madrid korona.jpg
super covid19 ingiltere
super covid19 ingiltere
super covid19 fransa
super covid19 abd new york
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
covid.jpg
super covid19 abd
super covid19 hijyen.jpg
super covid19 2.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 738 илјади, на случаите на зараза изнесува над 79 милиони 058 илјади, а досега оздравеа повеќе од 55 милиони 649 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 334 илјади 218 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 18 милиони 917 илјади 152.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 189 илјади 264 лица, а на случаите на зараза изнесува 7 милиони 366 илјади 677 лица.

Во Велика Британија, која е земја со најголем број починати во Европа, со раст за уште 744 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 69.051, а на инфектираните со регистрирани 39.207 новозаразени достигна до 2 милиони 149 илјади 551 лице.

Во меѓувреме, во Велика Британија е соопштено дека кај две лица кои дошле од Јужна Африка е утврдена уште една нова мутирана варијанта на новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто се шири многу побрзо. Британскиот министер за здравство Мет Ханкок на одржаната прес-конференција рече: „Овој нов вид доста загрижува. Бидејќи, е многу позаразен и на изглед како да мутирал многу повеќе од новиот утврден вид во Велика Британија.“ Новата утврдена мутирана варијанта на коронавирусот наречена „501.V2“ и кој е забележан во Јужна Африка сочинува приближно 80 до 90 отсто од новите случаи на зараза во оваа земја.

Во Италија, со смртта на уште 553 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 70.395 лица. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 14.522 новозаразени изнесува 1 милион 991 илјада 278 лица. Во меѓувреме, некои семејства кои ги загубиле своите блиски од Ковид-19 во Италија се подготвуваат да покренат тужба против Владата. Според веста на италијанскиот весник „Кориера Дела Сера“, 500 семејства стапија во акција за поднесување тужби со барање отштета од 100 милиони евра, поради пропусти и небрежност на Владата во управувањето со епидемијата, а пред се на италијанското министерство за здравство.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 276 лица со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 61.978. За еден ден во земјата се регистрирани 14.929 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 2 милиони 505 илјади 875 лица.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 49.698, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 847 илјади 874 лица. 

Во Германија, за еден ден од вирусот животот го загубија 533 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 29.127. Бројот на инфектираните со раст за уште 19.333 лица се искачи на вкупно 1 милион 587 илјади 908.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 14 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.354 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 627 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот достигна до 79.815 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 644 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 56.743 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 20.718 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји во светот е вака: 

Мексико 120.311, Аргентина 42.314, Колумбија 41.174, Перу 37.273, Полска 26.255, Белгија 18.939,  Украина 17.172, Чиле 16.228, Романија 14.766, Канада 14.597, Еквадор 13.962, Холандија 10.737, Чешка 10.664, Швајцарија 7.029.



Слични вести