Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го посети ослободениот град Губадли
На споделените снимки на профилот на Михрибан Алиева, сопругата на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, преку социјалната мрежа Инстаграм, се гледа како претседателот Алиев посетата на градот Губадли ја остварува со возило со коешто лично управува


Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го посети градот Губадли кој за време на 44 дневната војна беше ослободен од 27 годишната окупација на Ерменија.
На споделените снимки на профилот на Михрибан Алиева, сопругата на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, преку социјалната мрежа Инстаграм, се гледа како претседателот Алиев посетата на градот Губадли ја остварува со возило со коешто лично управува.
На снимките, Илхам Алиев покажувајќи кон разрушените населени места по патот вели дека сите тие се срушени од страна на ерменските сили.
Велејќи „Вакво злосторство не сторија ниту фашистите за време на Втората светска војна“, Алиев го истакнува следното: „Видете со каков непријател ние војувавме. Го ослободивме од фашистите нашиот регион, Кавказ. Сите овие села и населени места ќе ги изградиме наново. Непријателот ќе положи сметка за ова што го изврши. Сите наши историски и верски споменици се струшени од страна на непријателот. Целиот свет треба да го види тоа.“
На една друга споделена снимка преку социјалните медиуми зазема место средбата на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев со војниците во градот Губадли, кадешто се обраќа со следните зборови: „Со јунаштвото на нашите војници ги ослободивме нашите територии. Карабах е Азербејџан.“
На снимката се гледа како војниците го пречекуваат азербејџанскиот претседател Илхам Алиев со овации и аплаузи.