Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на буџетот за одбрана

Американскиот претседател Доналд Трамп во испратената белешка до Конгресот информира дека става вето на буџетот за одбрана којшто претходно беше изгласан во Претставничкиот дом и Сенатот со мнозинство гласови и потоа беше доставен до него за одобрување

1550925
Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на буџетот за одбрана

Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на нацрт-законот за овластување за национална одбрана (NDAA) со којшто за буџетот за одбрана се одделуваат 740 милијарди долари.

Трамп во испратената белешка до Конгресот информира дека става вето на буџетот за одбрана којшто претходно беше изгласан во Претставничкиот дом и Сенатот со мнозинство гласови и потоа беше доставен до него за одобрување.

Американскиот претседател Доналд Трамп во пораката што ја напиша до конгресмените го истакна следното: „За жал, овој нацрт-закон не опфаќа критични безбедносни прашања и мерки, и е во спротивност со напорите на мојата администрација да ја стави Америка на прво место во фокус на системот за национална безбедност и нашите активности во надворешната политика. Овој нацрт-закон е подарок за Русија и Кина.“ 

Инаку, нацрт-законот за буџетот за одбрана беше изгласан од Претставничкиот дом и Сенатот со над двотретинско мнозинство гласови, така да сега повторно ќе се врати во Конгресот и доколку биде изгласан со исто мнозинство ветото на претседателот Трамп ќе биде поништено.

Пратениците во Претставничкиот дом моментално се на одмор до понеделник, додека лидерот на мнозинството во Сенатот Републиканецот Мич Меконел, најави дека сенаторите ќе гласаат следниот вторник со цел да се поништи ветото на претседателот.

Во нацрт-законот за буџетот за одбрана меѓу другото се наведува дека набавката од страна на Турција на системот за противвоздушна одбрана С-400 од Русија во рамките на  Законот за борба против противниците на САД по пат на економски санкции (CAATSA) се оценува „како значајна трансакција со Русија“ и затоа се бара во рок од 30 дена од озаконувањето на нацрт-законот за овластување за национална одбрана (NDAA), односно буџетот за одбрана да се стават во примена санкциите „CAATSA“ против лица поединци и институции во Турција кои се вклучени во набавката на рускиот систем С-400.

 



Слични вести