Велика Британија загрижена од застојот во синџирот на снабдување

Меѓународната унија за патен транспорт (IRU), упати повик до Франција и другите земји да ги држат отворени своите граници, а како што истакнува за да не дојде во застој во синџирот на снабдување

1549471
Велика Британија загрижена од застојот во синџирот на снабдување

Меѓународната унија за патен транспорт (IRU), по утврдувањето на новата варијанта на новиот тип коронавиурс (Кобвид-19) во Велика Британија којашто се шири за 70 отсто побрзо, упати повик до Франција и другите земји да ги држат отворени своите граници, а како што истакнува за да не дојде во застој во синџирот на снабдување.

Во објавеното писмено соопштение се вели следното: „Меѓународната унија за патен транспорт (IRU), упатува повик до Франција, Велика Британија и другите влади да ги држат отворени своите граници за транспортот на стока и да се донесе појаснување за мерките против новата варијанта на Ковид-19.“

Во соопштението се нагласува дека одлуката на Франција за затворање на своите граници со Велика Британија во времетраење од 48 часа поради појавата на новата варијанта на новиот тип коронавирус којашто се шири за 70 отсто побрзо, во значителна мера ќе доведе до застои во транспортот со шлепери.

Се истакнува дека оваа одлука ќе се одрази негативно на снабдувањето на Велика Британија со свежа храна пред Божиќ и се доставува следното предупредување: „Оваа одлука го доведува во ризик од 85 отсто целиот увоз на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) и во вистинска смисла на зборот го прекинува синџирот на снабдување од ЕУ за Ирска.“

Британскиот синџир на супермаркети „Саинсбери“ (Sainsbury's), предупреди дека поради ограничувањата коишто ги спроведува Франција поради новата утврдена варијанта на новиот тип коронавирус (Ковид19) којашто се шири побрзо, постои можност од потрошување и појава на недостаток од некои производи.

Во меѓувреме, британскиот премиер Борис Џонсон претходно изјави дека разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон поради одлуката  на Франција за недозволување на влезовите на шлеперите и дека се надева оти проблемот ќе се реши за неколку часа.

Инаку, помеѓу Франција и Велика Британија во предпразничните периоди како што на пример сега наближува Божиќ дневно работат по просечно 10 илјади транспортни возила.

 



Слични вести