СЗО: Нема докази дека новата форма на Ковид-19 предизвикува потешки симптоми или повеќе смртни случаи
Генералниот директор на Светската здравствена организцаија (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус: Нема докази дека новата мутирана варијанта на Ковид-19 предизвикува потешки форми на болеста или повеќе смртни случаи
Генералниот директор на Светската здравствена организцаија (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус на одржаниот состанок за печатот преку видео-конференција во седиштето на организацијата во швајцарскиот град Женева, истакна дека нема докази во однос на тоа дека мутираната варијанта на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која што се шири побрзо, станува причина за „потешки форми на болеста или повеќе смртни случаи“.
Гебрејесус рече: „Во последните неколку денови во Велика Британија и во Јужноафриканската Република има вести во врска со видовите на коронавирусот. Вирусите со текот на времето мутираат. Тоа е природно и се очекуваше.“
Велејќи дека како што информира Велика Британија оваа нова варијанта се шири побрзо, Гебрејесус рече: „Меѓутоа досега нема никакви докази за тоа дека сигурно станува причина за посериозно заболување или повеќе смртни случаи.“
Инаку, откако во Велика Британија беше утврдена мутирана варијанта на Ковид-19 којашто се шири побрзо, британскиот премиер Борис Џонсон и група научници соопштија дека оваа форма на коорнавирусот е за 70 отсто позаразна.
Воедно и британскиот министер за здравство Мет Ханкок соопшти дека оваа нова форма на Ковид-19 е излезена од контрола.
Откако новата мутирана варијанта на новиот тип коронавирус (Ковид-19) по Велика Британија беше забележана и во Данска, Холандија и Јужноафриканската Република, голем број земји меѓу кои и Турција ги сопреа летовите со Велика Британија.