Бројот на населението во светот во 2020 година изнесува 7 милијарди 837 милиони

Според податоците на Германската фондација за светско население (DSW), бројот на светското население кој што во 2020 година забележа раст од 82,3 милиони во новата 2021 година влегува со вкупно 7 милијарди 837 милиони жители

1549475
Бројот на населението во светот во 2020 година изнесува 7 милијарди 837 милиони

Бројот на населението во светот во 2020 година изнесува 7 милијарди 837 милиони.

Според податоците на Германската фондација за светско население (DSW), бројот на светското население кој што во 2020 година забележа раст од 82,3 милиони во новата 2021 година влегува со вкупно 7 милијарди 837 милиони жители.

Доколку светот беше село во кое живеат 100 лица, 59 мина од нив ќе беа од Азија, 17 од Америка, 10 од Европа, 8 од Латинска (Јужна) Америка, 5 од Северна Америка и едно лице од Океанија.

Освен тоа, 26 од тие 100 лица ќе беа помали од 15 години, а 9 мина поголеми од 64 години.

Според претпоставките, во 2050 година бројот на жители на ова село составено од 100 жители ќе се зголеми на 129 и притоа од нив 69 ќе бидат од Азија, 33 од Америка, 10 Латинска (Јужна) Америка, 9 од Европа, 5 од Северна Америка и едно лице од Океанија.

Од друга страна пак, Германската фондација за светско население (DSW) стравува од тоа што поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе се намали пристапот на земјите со средни и ниски приходи до образование и методи  за контрацепција (контрола на раќањето).
 



Слични вести