Израелските сили на Западниот Брег ранија со вистински куршуми 5 мина Палестинци

Израелските војници во раните утрински часови реализираа упад на источниот дел на градот Наблус на окупираниот Западен Брег при што ранија со вистински куршуми 5 мина Палестинци

1549151
Израелските сили на Западниот Брег ранија со вистински куршуми 5 мина Палестинци

Израелските сили во градот Наблус на окупираниот Западен Брег, ранија со вистински куршуми 5 мина Палестинци.

Во веста објавена од страна на палестинската официјална новинска агенција „WAFA“, се истакнува дека израелските војници во раните утрински часови реализираа упад на источниот дел на градот Наблус на окупираниот Западен Брег.

Вр Палестинците кои реагираа на упадот на израелските сили беше отворен оган со вистински куршуми и притоа беа ранети 5 мина Палестинци.

Не беа дадени информации во врска со здравствената состојба на ранетите Палестинци кои беа префрлени на лекување во болница.

Како што се истакнува, израелските војници за време на упадот воедно притвориле еден Палестинец чиј идентитет не е соопштен.



Слични вести