Жолтите елеци повторно на улиците во Франција
Стотици демонстранти припадници на жолтите елеци кои се собраа пред Државниот совет во Париз оттука маршираа до близината на плоштадот Шатле

Жолтите елеци одржаа протести во главниот град на Франција, Париз против политиките на управата на претседателот Емануел Макрон.
Стотици демонстранти припадници на жолтите елеци кои се собраа пред Државниот совет во Париз оттука маршираа до близината на плоштадот Шатле.
Притоа протестирачите во своите раце носеа транспаренти против управата на Макрон и извикуваа слогани „Макрон и да не сака ние сме овде“.
Освен тоа на претседателот Макрон кој поради тоа што беше позитивен на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се наоѓа во самоизолација, му се обратија со зборовите „Макрон подготви се ќе те земеме од дома“.
На протестите беа отворени и чадори, а во знак на поддршка на протестирачот на жолтите елеци кој беше притворен за време на протестот што се одржа минатата недела против растечката исламофобија (непријателство кон исламот) по усвојувањето на контроверзниот нацрт-закон за безбедност.
Дирекцијата на полицијата на Париз не дозволи да се одржат протести околу Националното Собрание и на улицата Шанз-Елизе.
Инаку, протестите на жолтите елеци коишто започнаа пред две години стануваат причина за општествени и политички кризи во Франција.