Во близина на брегот на Виетнам потона товарен брод: 15 лица се водат како исчезнати

Во бродската несреќа исчезнале 15 члена на екипажот од кои 11 Кинези и 4 Виетнамци и во тек се активностите за пребарување и спасување на исчезнатите лица

1547597
Во близина на брегот на Виетнам потона товарен брод: 15 лица се водат како исчезнати

Во близина на брегот на Виетнам потона товарен брод и во несреќата се водат како исчезнати 15 лица.

Според вестите објавени во виетнамските медиуми, товарниот брод под панамско знаме кој превезувал товар од 7.800 тони од Малезија за Хонгконг, потонал приближувајќи се кон брегот на виетнамската покраина Бин Туан.

Во бродската несреќа исчезнале 15 члена на екипажот од кои 11 Кинези и 4 Виетнамци и во тек се активностите за пребарување и спасување на исчезнатите лица.

Виетнамските власти соопштија дека е причина за потонувањето на бродот можеби се лошите временски услови и дека кусо пред несреќата, екипажот на бродот стапил во контакт со службата на виетнамската крајбрежна стража, барајќи помош.

 



Слични вести