Ковид-19 во светот: Макрон позитивен на коронавирусот, а бројни европски лидери се во самоизолација

Францускиот претседател Емануел Макрон  по појават на првите симптоми направил „PCR“ тест при што е установено дека е позитивен на новиот тип коронавирус (Ковид-19), а бројни европски лидери се во самоизолација

1547586
Ковид-19 во светот: Макрон позитивен на коронавирусот, а бројни европски лидери се во самоизолација

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 668 илјади 356 лица, на случаите на зараза изнесува над 75 милиони 283 илјади, а досега оздравеа повеќе од 52 милиони 853 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 317 илјади 928 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 17 милиони 626 илјади 770.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 184 илјади 876 лица, а на случаите на зараза изнесува 7 милиони 111 илјади 527 лица.

Во Велика Британија, која е земја со најголем број починати во Европа, со раст за уште 532 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 65.052, а на инфектираните со регистрирани 35.383 новозаразени достигна до 1 милион 948 илјади 660 лица.

Во Италија, со смртта на уште 683 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 67.220 лица. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 18.236 новозаразени изнесува 1 милион 906 илјади 377 лица.

Како што се истакнува италијанскиот премиер Џузепе Конте со своите коалициони партнери и регионалните власти во периодот 24-27 декември и 31 јануари-3 февруари ќе донесе ограничување за слободното движење на територијата на целата земја. Со таа цел биле разгледувани мерките со коишто се предвидува целата земја да се прогласи за „црвена зона“.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 258 лица со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 59.619. За еден ден во земјата се регистрирани 18.254 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 2 милиони 427 илјади 316 лица.

Во меѓувреме, е соопштено дека францускиот претседател Емануел Макрон  по појават на првите симптоми направил „PCR“ тест при што е установено дека е позитивен на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Како што се истакнува во објавеното соопштение од Елисејската палата, претседателот Макрон ќе се самоизолира во текот на седум дена и ќе продолжи да работи и да ги извршува обврските од дома. Поради контактирање со францускиот претседател Емануел Макрон, иако немаат симптоми, во изолација ќе бидат и францускиот премиер Жан Кастекс претседателот на францускиот парламент. Пристигнуваат вести дека Макрон во блиско време имал близок контакт и со шпанскиот премиер Педро Санчез и со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кои исто така соопштија дека ќе бидат во самоизолација. Францускиот министер за здравство Оливие Веран истакна дека претседателот Макрон би можел да е заразен со вирусот на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) што се одржа на 10 и 11 декември во Брисел. Макрон во изминатите седум дена имал близок контакт речиси со сите лидери на Европската унија (ЕУ) така да овој список на европски лидери во самоизолација се очекува да се прошири.

Од друга страна, во веста објавена на веб сајтот „Медиапорт“ се истакнува дека францускиот претседател Емануел Макрон прексиноќа во Елисејската палата се состанал на вечера со премиерот Жан Кастекс и потпретседателите на пратеничките групи на политичките партии во француското Национално Собрание, Според веста, на оваа вечера се наоѓале 10 лица и со тоа претседателот Макрон ја прекршил забраната за собирање на исто место на повеќе од 6 лица. Инаку, Макрон во дадената изјава на 14 ноември истакна дека не треба и дека е забрането да се соберат и да седнат на иста маса повеќе од 6 лица.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи со раст за уште 181 лице се искачи на вкупно 48.777, а на случаите на зараза со регистрирани 11.081 новозаразен достигна до 1 милион 805 илјади 633 лица. 

Во Германија, за еден ден од вирусот животот го загубија 724 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 25.165. Бројот на инфектираните со раст за уште 30.951 лице се искачи на вкупно 1 милион 438 илјади 438.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 31 смртен случај од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на вкупно 2.225 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 657 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот достигна до 76.251 лице. 

Институтот за јавно здравје регистрира 920 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 52.413 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 21.613 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји во светот е вака: 

Мексико 116.487, Аргентина 41.534, Колумбија 39.787, Перу 36.901, Полска 24.345, Белгија 18.371, Чиле 16.007, Украина 15.996, Романија 13.969, Еквадор 13.932, Канада 3.916, Холандија 10.321, Чешка 10.036“.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 9 милиони 979 илјади 447 инфектирани е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 144.829 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 49.151, а на случаите на зараза изнесува 2 милиони 762 илјади 668 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 53.095 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 1 милион 138 илјади 530. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 12.650 лица, а на случаите изнесува 580.449.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 9.164 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 451.494.

Во Саудиска Арабија, досега починаа 6.091, а се инфектирани 360.516 лица.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 3.050, а на инфектираните достигна до 367.975 лица. 

Во Палестина, во рамките на борбата против Ковид-19 е донесена одлука за забрана за движење (излегување на улица) со 2 јануари 2021 година.

Во Индонезија, бројот на смртните случаи се зголеми на 19.390, а на случаите на зараза достигна до       643.508 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 57.910 лица, а на случаите на зараза достигна до 2 милиони 464 илјади 185. Бројот на починатите во изминатите 24 часа се зголеми за 383 лица, а на инфектираните за уште 20.279. 

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 24.011, а потоа следуваат Египет со 7.015, Мароко 6.804, Тунис 4.032, Алжир 2.640, Етиопија 1.831, Кенија 1.618, Судан 1.408, Нигерија 1.201, Камерун 445 починати.

 



Слични вести