Италијанскиот премиер Конте во Бенгази се состана со пучистот Халифа Хафтар

Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска во утринските часови во градот Бенгази се состана со генералот пучист Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија

1547724
Италијанскиот премиер Конте во Бенгази се состана со пучистот Халифа Хафтар

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во градот Бенгази се состана со генералот пучист Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија.

Според објавеното соопштение од страна на милициските сили на Хафтар, италијанскиот премиер Џузепе Конте и министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо денеска во утринските часови во вториот по големина град на Либија Бенгази разговараа со Хафтар за либиската криза и најновите случувања во врска со процесот на политичкиот дијалог во земјата.

Со остварување на оваа изненадна средба беа ослободени и италијанските рибари кои 108 дена како се приведени од страна на милициските сили на Хафтар.

Имено, на почетокот на септември на 35 милји од брегот на Либија беа задржани два италијански рибарски брода по име „Antartide“ и „Medinea“ регистрирани во градот Мазара дел Вало на италијанскиот остров Сицилија.

Членовите на екипажот кои работеле на бродовите 8 Италијанци и 10 странски државјани од кои 6 Тунижани, двајца Сенегалци и двајца Индонезијци, 108 дена како се наоѓаа во рацете на милициските сили на пучистот Хафтар.

Семејствата на рибарите за што побрзо ослободување на нивните блиски често разговараа со владата и во последно време одржуваа протести. Исто така и опозициските партии во Италија во последните денови остро ја критикуваа владата поради тоа што не можеше да издејствува да бидат ослободени рибарите. 

Претходно во италијанските медиуми беа објавени вести во однос на тоа дека генералот пучист Халифа Хафтар за приведените италијански рибари барал да бидат ослободени четворица Либијци кои се наоѓале во затвор во Италија.

 



Слични вести