Во Нигер по терористичкиот напад во кој загинаа 28 лица е прогласена тридневна жалост

Портпаролот на Владата на Нигер Закариа Абдурахамане во дадената изјава соопшти дека владата во чест на загинатите во терористичкиот напад во саботата донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост во земјата

1546178
Во Нигер по терористичкиот напад во кој загинаа 28 лица е прогласена тридневна жалост

Поради терористичкиот напад во западноафриканската држава Нигер кој беше извршен на крајот на минатата недела, ноќта во саботата и во кој загинаа 28 лица е прогласена тридневна жалост.

Портпаролот на Владата Закариа Абдурахамане во дадената изјава соопшти дека владата во чест на загинатите во нападот донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост во земјата.

Во сабота доцна ноќе од страна на терористичката организација Боко Харам беше извршен напад врз селото Тумур во областа Дифа и во овој напад загинаа 28 лица, а беа оштетени и доведени во неупотреблива состојба приближно 800 куќи и работни места.

На областа Дифа беше извршен напад од страна на Боко Харам и на 11 декември и загинаа 2 лица.

Оваа област која се наоѓа на северната граница на Нигерија од февруари 2015 година станува цел на нападите на терористичката организација Боко Харам.



Слични вести