Нови протести во Франција против контроверзниот нацрт-закон за безбедност

Во градот Нант протестираа приближно илјада лица, при што дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата

1546278
Нови протести во Франција против контроверзниот нацрт-закон за безбедност

Голем број демонстранти повторно излегоа на улиците во Франција и протестираа против контроверзниот нацрт-закон за безбедност којшто станува причина за големи негодувања и реакции во оваа земја.

Во градот Нант протестираа приближно илјада лица, при што дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата.

Француската полиција употреби солзавец и водени топови врз демонстрантите.

На одржаните говори од страна на демонстрантите се бара целосно да се повлече нацрт-законот којшто се оценува како закана за слободите.

Се нагласува дека веќе треба да се каже „стоп“ за политиките коишто ги следи претседателот Емануел Макрон.

Инаку, нацрт-законот за безбедност кој беше усвоен во Парламентот и е доставен до Сенатот предвидува на оние кои ќе ги објават снимките на безбедносните сили да им се изрече до една година затворска казна и до 45 илјади евра парична казна.

По реакциите кај јавноста беше одлучено повторно да биде напишан членот 24 од нацрт-законот за безбедност.

 

 


Слични вести