Вооружен судир помеѓу терористите на ПКК и силите Пешмерги во Дохук на северот на Ирак

Според добиени информации, во градот Дохук во северниот дел на Ирак дошло до вооружен судир помеѓу терористите членови на ПКК и силите Пешмерги при што загинал еден припадник на Пешмергите, а тројца терористи на ПКК биле тешко ранети

1544985
Вооружен судир помеѓу терористите на ПКК и силите Пешмерги во Дохук на северот на Ирак

Во вооружен судир помеѓу припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и силите Пешмерги на Регионалната курдска управа на Ирак, во градот Дохук, загина еден припадник на Пешмергите.

Според добиени информации, во градот Дохук во северниот дел на Ирак дошло до вооружен судир помеѓу терористите членови на ПКК и силите Пешмерги.

Во близина на селото Дерешин во населеното место Амеди кај градот Дохук пак, дошло до вооружен судир со терористите на ПКК кои без дозвола сакале да преминат од еден контролен пункт на силите Пешмерги.

Притоа Пешмергите отвориле оган врз возилото на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои не застанале на предупредувањата и биле тешко ранети тројца терористи.



Слични вести