Поддршка од германскиот претседател Штајнмаер на одлуката за целосно затворање почнувајќи од среда

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер предупреди дека постои ризик од излегување од контрола на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата и рече дека ситуацијата е мошне сериозна

1545228
Поддршка од германскиот претседател Штајнмаер на одлуката за целосно затворање почнувајќи од среда
Almanya Kovid süper.jpg
Almanya Noel kapanma 02.jpg
Almanya Noel kapanma 01.jpg

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер даде поддршка на одлуката на федералната Влада и покраинските влади којашто ја донесоа на крајот на неделата и според која од среда (16 декември) ќе бидат воведени дополнителни ригорозни мерки за целосно затворање.

Штајнмаер предупреди дека постои ризик од излегување од контрола на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата и рече дека ситуацијата е мошне сериозна.

„За една недела починаа голем број лица. Не може без воведување на дополнителни ограничувања. Досегашните напори не вродија резултат. Мораме да преземеме поодлучни чекори. Почнувајќи од средата како во јавните простории така и во нашиот приватен живот ќе се соочиме со најригорозните (најсилните) ограничувања во историјата на Сојузната Република.“ - рече Штајнмаер.

Укажувајќи дека на 24 декември почнуваат Божиќните празници, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер рече: „Прославите можат да се надокнадат потоа. Нашите другари и роднини можеме да ги израдуваме со подароци и потоа. Она што е значајно во моментов е да го зачуваме нашето здравје и да спасуваме животи.“ 

Тој исто така го нагласи значењето од сведување на минимум на контактот за време на одморите, а воедно укажувајќи на брзиот раст на бројот на заболените од вирусот кои се наоѓаат на интензивна нега напомена дека не може да се дозволи епидемијата да достигне до димензии да доведе до колапс во здравствениот систем.

Штајнмаер укажа на значењето на улогата што ја одигруваат граѓаните во борбата против епидемијата и рече: „Секој треба да се запраша што би можел да направи дополнително за да се заштити себе си и оние околу него.“

Појаснувајќи дека целта е колку што е можно побрзо да се намалат бројките на новозазарени и да се држат на минимално ниво, германскиот претседател Штајнмаер рече: „Наредните денови претставуваат испит за сите нас.“

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер воедно истакна дека лично е оптимист дека оваа година ќе биде издадена дозвола за првата вакцина и на почетокот на наредната година ќе може да се започне со вакцинација во Германија.

Тој нагласи дека верува оти Германија ќе ја преброди оваа криза и рече: „Мораме да успееме. Ќе успееме.“

 



Слични вести