Фон дер Лејен: Велика Британија играта ќе треба да ја игра според правилата на ЕУ

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Фон дер Лејен истакна дека доколку Велика Британија сака да има непрекинат пристап до пазарот на Европската унија (ЕУ) играта ќе треба да ја игра според правилата на ЕУ

1545332
Фон дер Лејен: Велика Британија играта ќе треба да ја игра според правилата на ЕУ

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен преку видео-конференција говореше на организираната програма по повод одбележувањето на 60-годишнината од формирањето на Организацијата за економски развој и соработка (ОЕЦД). 

Лејен истакна дека доколку Велика Британија сака да има непрекинат пристап на пазарот на Европската унија (ЕУ) треба да игра според правилата на Европската унија (ЕУ).

Потсетувајќи дека се наоѓа при крај процесот на транзиција што Европската унија (ЕУ) го применува кон Велика Британија, Лејен рече: „Велика Британија од 1 јануари, односно во рок од 3 недели ќе стане трета земја од аспект на Европската унија (ЕУ). Доколку Велика Британија сака непрекинат пристап до пазарот на ЕУ, играта ќе треба да ја игра според нашите правила. Тоа е праведно од аспект на нашите компании. И другата опција има своја цена. Таа цена е имплементацијата на границата и царината. Во моментов се обидуваме да го решиме тоа.“

Велика Британија која на 31 јануари официјално ја напушти Европската унија (ЕУ) води сеопфатни преговори со Унијата по прашањето на билатералните односи на чело со трговијата.

Во преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија постојат проблематични прашања како што се „обезбедување фер конкуренција“, „како ќе се решат трговските недоразбирања“ и „риболовот“.

Доколку не се постигне договор, трговските односи меѓу двете страни по 31 декември ќе бидат воспоставени според правилата на Светската трговска организација (СТО).

Во текот на целиот процес на транзиција до тој датум, Велика Британија продолжува да се придржува кон правилата на Европската унија (ЕУ). 



Слични вести