Џонсон им порача на Британците да бидат спремни за разделба со ЕУ на 31 декември без договор

Борис Џонсон истакна дека не можеше да се постигне одреден компромис со Европската унија (ЕУ) во преговорите за трговскиот договор и дека затоа британските граѓани треба да бидат подготвени за Брегзит на 31 декември, без постигнување договор

1544793
Џонсон им порача на Британците да бидат спремни за разделба со ЕУ на 31 декември без договор

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон по одлуката за продолжување на преговорите коишто се водат со Европската унија (ЕУ) чиј рок заклучно со вчера истече, даде изјава по ова прашање.

Џонсон истакна дека неговата земја и Европската унија (ЕУ) не можеа да постигнат одреден компромис во преговорите за трговскиот договор и дека затоа британските граѓани треба да бидат подготвени за Брегзит т.е. разделба со ЕУ на 31 декември, без постигнување договор.

Велејќи дека се уште се далеку од постигнување договор во однос на одредени значајни прашања, Борис Џонсон нагласи дека Велика Британија треба да продолжи со преговорите и дека тоа ќе се прави со сета искреност, но нагласи дека не можат да се направат отстапки од правото на контрола на законите и риболовот на земјата.

Инаку, британскиот премиер Борси Џонсон и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен се договорија за продолжување на преговорите до 31 декември и бше соопштено дека на овој датум сигурно ќе се донесе одредена одлука.

На одржаниот референдум во Обединетото Кралство составено од Англија, Велс, Северна Ирска и Шкотска, во јуни 2016 година со 52 отсто наспроти 48 отсто беше донесена одлука за Брегзит, односно излез на земјата од Европската унија (ЕУ).

Велика Британија која официјално ја напушти Европската унија (ЕУ) на 31 јануари 2020 година продолжува да води обемни преговори со Унијата по прашањето на билатералните односи, на чело со трговијата.

 



Слични вести