Завршна декларација на ЕУ: Спречување на радикализацијата, екстремизмот со насилство и тероризмот

Во објавената завршна декларација на крајот на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) беше привлечено внимание на спречувањето на радикализацијата, екстремизмот кој содржи насилство и тероризмот

1544032
Завршна декларација на ЕУ: Спречување на радикализацијата, екстремизмот со насилство и тероризмот

Во објавената завршна декларација на крајот на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) беше привлечено внимание на спречувањето на радикализацијата.

Од завршната декларација на дводневниот самит што се одржа во белгискиот главен град Брисел, беа објавени и деловите надвор од делот во врска со Турција што беше објавен синоќа.

Во делот посветен на безбедноста се нагласува дека Европската унија (ЕУ) е во единство во борбата против радикализацијата, екстремизмот кој содржи насилство и тероризмот.

Во декларацијата се осудува секој вид напад против слободата на религијата и верувањето и се укажува на значењето од спречување на радикализацијата и усмерувањето кон иделогија којашто лежи во позадината на тероризмот. 

Лидерите на ЕУ упатија повик во рамките на борбата против тероризмот набризна да се усвои законската регулатива којашто ќе овозможи да бидат отстранети терористичките содржини на интернет.

Лидерите посакаа за борба против сериозни кривични дела покажувајќи се почит кон фундаментланите права и слободи да бидат унапредени работите во правец на блокирање на потребните интернет податоци, а воедно одлучија да се поддржува здравото функционирање и соработката во Шенген зоната.

Во завршната декларација се истакнува дека се дочекуваат со задоволство напорите коишто се вложени досега по прашањето на координацијата во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и дека е одлучено да се зајакне координацијата за подготовките со цел постепено укинување на забраните за патување со туристичка цел, а во случај доколку тоа го дозволи состојбата со пандемијата.

Лидерите на Европската унија (ЕУ) информираа дека Унијата ќе го продолжи својот придонес за Програмата за Глобален пристап до вакцините за Ковид-19 „КОВАКС“ (COVAX), а којашто се води за подеднаков пристап до вакцината против Ковид-19 на сите луѓе во светот .

 



Слични вести