Столтенберг препорача на Лидерскиот самит на ЕУ да се презентира позитивен приод во врска со Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека треба да се согледа вистината дека Турција е дел од НАТО и западното семејство

1543205
Столтенберг препорача на Лидерскиот самит на ЕУ да се презентира позитивен приод во врска со Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на одржаната заедничка прес-конференција по остварената средба со португалскиот премиер Антонио Коста повтори дека НАТО одигрува задача на платформа за разговарање за разликите меѓу сојузниците.

Столтенберг препорача на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) да се презентира позитивен приод во врска со разговорите посветени на Турција.

Јенс Столтенберг рече: „Сите ние при разгледување на разликите треба да погледнеме кон позитивниот приод и позитивните патишта. Затоа во НАТО го формиравме механизмот на методите за разградување помеѓу Турција и Грција. Целта овде е да се спречат непосакуваните настани и несреќи помеѓу двете сојузници, поради растечката воена раздвиженост во Источниот Медитеран. Чувствувам задоволство од учеството на Турција и Грција во овој механизам и откажувањето на некои воени вежби.“

Столтенберг рече дека се надева оти техничките разговори коишто се одржуваат помеѓу Турција и Грција во НАТО истовремено ќе го отворат патот и на политичките разговори на кои би можеле да се разгледат основните прашања помеѓу двете земји.

Нагласувајќи дека Турција е значаен сојузник на НАТО, Столтенберг напомена дека Турција граничи со Ирак и Сирија и дека одигрува значајна улога во борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Тој нагласи дека Турција исто така е земја која е домаќин на најголем број Сиријци и земја која е најмногу погодена од терористичките напади.

„Треба да ја сфатиме вистината дека Турција е дел од НАТО и западното семејство.“ - порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг



Слични вести