Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 46 рекордни смртни случаи

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 46 рекордни смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.023 лица

1542779
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 46 рекордни смртни случаи
super covid19 ingiltere
super covid19 meksika
super covid19 ingiltere
super covid19 fransa
super covid19 fransa
super covid19 abd new york
covid19 guney afrika
KORONAVİRÜS SÜPER
super foto fransa korona disneyland.jpg

...  Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 575 илјади 810 лица, на случаите на зараза изнесува над 69 милиони 240 илјади, а досега оздравеа повеќе од 47 милиони 995 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 296 илјади 698 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 15 милиони 820 илјади 042.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 179 илјади 032 лица, а на случаите на зараза изнесува 6 милиони 730 илјади 118 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 111.655, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 205 илјади 229 лица.

Во Велика Британија, која е земја со најголем број починати во Европа, со раст за уште 533 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 62.566, а на инфектираните со регистрирани 16.578 новозаразени достигна до 1 милион 766 илјади 819 лица.

Во Италија, со смртта на уште 499 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 61.739 лица. Бројот на инфектираните од вирусот, со регистрирани 12.756 новозаразени изнесува 1 милион 770 илјади 149 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 296 лица со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 56.648. За еден ден во земјата се регистрирани 14.595 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 2 милиони 324 илјади 216 лица.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи за 48 часа со раст за уште 373 лица се искачи на вкупно 47.019, а на случаите на зараза со раст за 9.773 новоинфектирани достигна до 1 милион 725 илјади 473 лица. 

Во Германија, за еден ден од вирусот животот го загубија 543 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 20.704. Бројот на инфектираните со раст за уште 23.928 лица се искачи на вкупно 1 милион 242 илјади 253.

Во Португалија, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 70 лица, а се регистрирани 4.097 нови случаи. Бројот на смртните случаи во земјата се искачи на 5.195 лица, а на инфектираните достигна до 332.073 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 46 рекордни смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.023 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 504 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот достигна до 69.954 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 1731 оздравен пациент, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 46.352 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 21.579.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 9 милиони 767 илјади 371 инфектиран е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 141.772 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 44.718, а на случаите на зараза изнесува 2 милиони 541 илјада 199 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 51.212 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 1 милион 072 илјади 620. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 12.501 лице, а на случаите изнесува 569.873.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 8.603 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 429.280.

Во Саудиска Арабија, досега починаа 6.002, а се инфектирани 359.274 лица.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.934, а на инфектираните достигна до 350.271 лице. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 54.963 лица, а на случаите на зараза достигна до 2 милиони 320 илјади 174.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 22.574, а потоа следуваат Египет со 6.832, Мароко 6.427, Тунис 3.717, Алжир 2.554, Етиопија 1.769, Кенија 1.552, Судан 1.307, Нигерија 1.184, Камерун 443 починат.

 



Слични вести