Потврдени и официјализирани изборните резултати во САД: Бајден со 306, Трамп 232 делегати

Заклучно со вчера сите 50 сојузни држави и главниот град Вашингтон ДЦ ги потврдија и официјализираа изборните резултати и според тоа кандидатот на Демократите Џо Бајден освои 306, а Трамп 232 делегати (електори) во Изборниот колегиум

1542759
Потврдени и официјализирани изборните резултати во САД: Бајден со 306, Трамп 232 делегати

По одржаните претседателски избори на 3 ноември во Соединетите Американски Држави (САД), на 14 декември во понеделник членовите на Изборниот колегиум од сите сојузни држави ќе дојдат во главниот град Вашингтон ДЦ кадешто ќе гласаат за новиот претседател на државата.

Заклучно со вчера сите 50 сојузни држави и главниот град Вашингтон ДЦ ги потврдија и официјализираа изборните резултати.

Според тоа, на претседателските избори победи кандидатот на Демократите Џо Бајден кој доби повеќе од 81 милион гласовите на американските граѓани, односно освои 51,3 отсто од гласовите.

Актуелниот претседател и кандидат на Републиканците Доналд Трамп пак, освои повеќе од 74 милиони гласови, односно 46,8 отсто од гласовите.

Победникот Џо Бајден освои 306 делегати (електори) од најмалку неопходните 270 од вкупно 538 делегати во Изборниот колегиум, додека Доналд Трамп остана на 232 делегати (електори).



Слични вести