Тарас Качка: „Турција и Украина имаат потреба од договорот за слободна трговија“

Политички, имаме многу добри шанси да постигнеме договор

1542124
Тарас Качка: „Турција и Украина имаат потреба од договорот за слободна трговија“

 

Заменик-министерот за економија на Украина Тарас Качка рече дека Украина и Турција имаат потреба од Договорот за слободна трговија (ДСТ) потенцирајќи:

„Политички, имаме многу добри шанси да постигнеме договор“.

Во интервјуто за украинската официјална новинска агенција УКРИНФОРМ, Качка направи проценка на преговорите за слободна трговија меѓу Турција и неговата земја.

Наведувајќи дека преговорите се во тек на техничко и политичко ниво и дека динамиката е добра, Качка подвлече дека Договорот за слободна трговија треба да ги вклучува главните производи.

За време и по посетата на украинскиот претседател Владимир Зеленскиј на Турција,  беа остварени низа фази на консултации, рече Качка потенцирајќи:

„Во моментов имаме многу добри показатели (и покрај новиот вид на коронавирусот) расте обемот на трговијата меѓу двете земји. Украина и Турција имаат потреба од овој договор. Од политички аспект имаме многу добри шанси да постигнеме договор. Но, се разбира, сè уште мора да најдеме рамнотежа по прашањата како што се железо, пченица, услуги и инвестиции“.

Наведувајќи дека бројот на турски компании во Украина е зголемен во многу сектори, од изградба на патишта до телекомуникации, Качка истакна дека турските компании со Договорот за слободна трговија се подготвени да ги зголемат своите инвестиции.



Слични вести