Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 47.462.000

1542061
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

 

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот изнесува над 1.563.000. Бројот на заразени од вирусот изнесува над 68.568.000, а бројот на оздравените над 46.717.000.

Во Соединетите Американски Држави (САД), која земја се смета за епицентар на епидемијата, бројот на смртните случаи како резултат на Ковид-19 се зголеми на 293.398. Бројот на заразени лица во земјата се зголеми на 15.377.000.

Бројот на смртните случаи во Англија поради вирусот се зголеми на 62.033. Бројот на заразените во земјата изнесува 1.750.000.

Бројот на смртните случаи поради епидемијата во Италија во последните 24 часа, се зголеми за уште 634 лица и достигна 61.240. Бројот на заразени лица се зголеми за уште 14.842 и изнесува 1.757.394. Бројот на лекарите кои умреа од почетокот на епидемијата се зголеми на 237.

Во Франција, поради Ковид-19 животите ги загубија 56.352. Бројот на заразените во земјата се зголеми на 2.309.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Шпанија се зголеми на 46.646. Во земјата се регистрирани 1.715.000 заразени.

Во Холандија, каде бројот на смртните случаи поради епидемијата изнесува 9.775 лица, бројот на заразените се зголеми на 570.437. Дневниот број на заразени во земјата повторно се зголеми на над 6.000 лица.



Слични вести