Повторно започнаа протестите на граѓаните во Ерменија кои ја бараат оставката на премиерот Пашинјан
Во Ерменија повторно започнаа протестите на народот кој инсистира на оставката на премиерот Никол Пашинјан
1542235

Откако ерменскиот премиер Никол Пашинјан не поднесе оставка повторно започнаа протестите на граѓаните во Ерменија кои инсистираат во своите барања за оставка на Пашинјан.
Во Ерменија не стивнуваат превирањата по претрпениот тежок пораз во Нагорно Карабах кој го држеше поду окупација.
Во главниот град Ереван и во некои други градови некои области се затворени за сообраќај.
Полицијата која ги заостри мерките притвори најмалку 90 лица.
Ерменските медиуми пишува дека за спречување на собирањето на демонстрантите е затворено и метрото во главниот град Ереван.