Во судирите на протестите во градот Сулејманије во Ирак животот го загубија 2 лица, 15 се повредени
Во ирачкиот град Сулејманије за време на протестите против Владата на Регионалната курдска управа на Ирак, животот го загубија 2 лица, а 15 мина се повредени
1541281

Во судирите до коишто дојде во ирачкиот град Сулејманије за време на протестите против Владата на Регионалната курдска управа на Ирак, животот го загубија 2 лица, а 15 мина се повредени.
Надлежни истакнуваат дека за време на протестите во населеното место Кифри животот го загуби еден 26 годишен демонстрант кој се наоѓал меѓу протестирачите, а едно повредено лице починало во болницата во која било префрлено на лекување, со што во протестите животот го загубија 2 лица, а 15 мина се повредени.
За време на одржаните протести против Владата на Регионалната курдска управа на Ирак во населеното место Сејитсадик во градот Сулејманије пак, беа запалени зградите на политичките партии.