Во поплавите во Нигерија животот го загубија 68 лица

Во поплавите во Нигерија предизвикани од поројните врнежи од дожд животот го загубија 68 лица, а беа погодени повеќе од 129 илјади лица во 320 одделни области во 35 провинции, меѓу кои и во главниот град Абуџа

1541475
Во поплавите во Нигерија животот го загубија 68 лица

Во поплавите предизвикани од поројните врнежи од дожд коишто ја зафатија западноафриканската држава Нигерија, животот го загубија 68 лица, а повеќе од 129 илјади лица, се погодени од елементарната непогода. 

Претседателот на Националната агенција за итна состојба на Нигерија (NEMA) Мухамаду Мухамед во дадената изјава истакна дека оваа година поплавите зафатија 320 области во 35 провинции, како и главниот град на земјата Абуџа.

Мухамед рече дека во елементарната непогода животот го загубија 68 лица, а повеќе од 129 илјади лица се погодени.

Велејќи дека поплавите доведуваат и до несигурност во храната, Мухамаду Мухамед рече: „Поплавите освен тоа што одзедоа голем број животи, срушија илјадници куќи и потпија земјоделски површини. на тој начин тоа се одрази негативно на сигурноста на храната.“

Мухамед додаде дека Националната агенција за итна состојба на Нигерија (NEMA) е одлучна да достави поддршка за развивање на капацитетите на интервенција од страна на институциите за итни состојби врз елементарните непогоди.



Слични вести