Турски брод кој носел лекови за Мисрата во Либија задржан од страна на милициските сили на Хафтар

Трговскиот карго брод „Мебрука“ за којшто се вели дека пловел под знамето на Јамајка, а сопственикот бил турски граѓанин, со тврдење дека не се придржувал кон инструкциите бил задржан од страна на силите на Халифа Хафтар

1541440
Турски брод кој носел лекови за Мисрата во Либија задржан од страна на милициските сили на Хафтар

Еден турски брод кој носеше лекови за градот Мисрата во Либија, со тврдење дека не се придржувал кон инструкциите бил задржан од страна на силите на Халифа Хафтар, со своите 17 членови на посадата од кои 9 биле турски граѓани.

Според објавеното соопштение на профилот на Ахмед Ал Мисмари, портпаролот на водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар, преку социјалната мрежа Твитер; трговскиот карго брод по име „Мебрука“ за којшто се вели дека пловел под знамето на Јамајка, а сопственикот бил турски граѓанин, со тврдење дека „влегол во прогласена забранета област и не одговорил на упатениот повик“ бил сопрен од страна на милициските сили на Хафтар и бил одвлечен во пристаништето Рас Ал Хилал.

Како што се истакнува бродот во чија посада се наоѓале 9 турски граѓани, 7 индиски граѓани и еден азербејџански граѓани и пловел за Мисрата, бил "задржан за истражување и контрола поради тоа што делувал во спротивност со поморските правила и закони".

Освен тоа, Мисмари  во дадената изјава за телевизискиот канал Ал Хадес истакнал дека бродот бил натоварен со лекови коишто требало да ги однесе во Мисрата, но дека влегол во област за која како што рече „била прогласена за забранета“.

Мисмари наведе дека „бил упатен повик до бродот, но дека не бил добиен било каков одговор на повикот.“

„По ова се приближиме со чамци и се качивме на бродот. Бродот беше натоварен со лекови коишто ги носеше за Мисрата. Капетанот не ги следеше процедурите коишто треба да ги следи и без да земат дозвола влегоа во забранета зона. Установено е дека на бродот немаше било какво оружје.“ - рече Мисмари.

Од друга страна, се дознава надлежни на фирмата за која плови бродот стапиле во контакт со страната која го задржала бродот и биле информирани дека здравствената состојба на посадата била добра. 

Извори укажуваат на тоа дека ситуацијата до којашто дошло било применување коешто било вршено и на други бродови во таа област, а воедно истакнуваат дека не станува збор за состојба од видот на конфискување на бродот и дека се предвидува да му се изрече казна поради влегување во погрешна област.

 



Слични вести