Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 25 починати, 365 новозаразени

Во Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 365 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупниот број на инфектираните се зголеми на 68.332, а со уште 25 починати бројот на смртните случаи изнесува 1.949 лица

1541392
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 25 починати, 365 новозаразени
afp korona genel süper.jpg
ingiltere süper
Fransa Süper
super covid19 ingiltere
super covid19 meksika
super covid19 ingiltere
super covid19 fransa
super covid19 fransa
super covid19 abd new york
Covid-19.jpg
super covid19 fransa
covid19 guney afrika

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 550 илјади 263 лица, на случаите на зараза изнесува над 67 милиони 939 илјади, а досега оздравеа повеќе од 47 милиони 024 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 290 илјади 443 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 15 милиони 369 илјади 046.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 177 илјади 388 лица, а на случаите на зараза изнесува 6 милиони 628 илјади 065 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 110.074, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 182 илјади 249 лица.

Во Велика Британија, која е земја со најголем број починати во Европа, со раст за уште 189 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 61.434, а на инфектираните со регистрирани 14.718 новозаразени достигна до 1 милион 737 илјади 960 лица. Денеска почнува вакцинирањето против Ковид-19, со вакцината произведена од страна на американската фармацевтска компанија „Фрајзер“ и германската биотехнолошка компанија „БионТек“ на чие чело со наоѓаат турските научници проф. д-р Угур Шахин и д-р Озлем Туреџи.

Во Италија, со смртта на уште 528 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 60.606 лица. Бројот на инфектираните од вирусот, со регистрирани 13.720 новозаразени изнесува 1 милион 742 илјади 557 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 366 лица со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 55.521. За еден ден во земјата се регистрирани 3.411 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 2 милиони 295 илјади 908 лица.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи за еден ден со раст за уште 132 лица се искачи на вкупно 46.646, а на случаите на зараза со раст за 6.255 достигна до 1 милион 715 илјади 700 лица. 

Во Германија, за еден ден од вирусот животот го загубија 380 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 19.539. Бројот на инфектираните со раст за уште 15.161 лице се искачи на вкупно 1 милион 200 илјади 006.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 25 починати, а се регистрирани 365 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19).

На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 1.949, а на инфектираните се искачи на 68.332 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 1.059 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 44.705 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 21.678.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 9 милиони 703 илјади 908 инфектирани е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 140.994 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 43.597, а на случаите на зараза изнесува 2 милиони 488 илјади 912 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 50.594 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 1 милион 051 илјада 374. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 12.460 лица, а на случаите изнесува 566.015.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 8.487 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 423.179.

Во Саудиска Арабија, досега починаа 5.977, а се инфектирани 358.922 лица.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.924, а на инфектираните достигна до 346.797 лица. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 54.209 лица, а на случаите на зараза достигна до 2 милиони 287 илјади 238.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 22.249, а потоа следуваат Египет со 6.790, Мароко 6.320, Тунис 3.596, Алжир 2.527, Етиопија 1.755, Кенија 1.531, Судан 1.301, Нигерија 1.181, Камерун 443 починат.



Слични вести