Поради Ковид-19 Светскиот економски форум наместо во Давос ќе се одржи во Сингапур

Во објавеното писмено соопштение од Светскиот економски форум (WEF) се истакнува дека „Годишниот специјален состанок WEF 2021“ ќе се одржи од 13 до 16 мај во Сингапур

1541277
Поради Ковид-19 Светскиот економски форум наместо во Давос ќе се одржи во Сингапур

Светскиот економски форум (WEF) „Самитот во Давос“ кој секоја година се одржува во јануари, во Швајцарија, овојпат поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе се одржи помеѓу 13 и 16 мај 2021 година во Сингапур.

Во објавеното писмено соопштение од Светскиот економски форум (WEF) се истакнува дека „Годишниот специјален состанок WEF 2021“ ќе се одржи од 13 до 16 мај во Сингапур.

Во соопштението се вели дека Светскиот економски форум (WEF) во 2022 година, ќе се одржи во швајцарското градче Давос, додека деталите во врска со овогодишниот состанок  чиј домаќин ќе биде Сингапур ќе бидат споделени подоцна.

Инаку, на Светскиот економски форум (WEF) „Самитот во Давос“ секоја година учествуваат приближно 3 илјади бизнисмени, политичари, академици и претставници на граѓански организации од околу 120 земји во светот.



Слични вести