Пофалби од Меркел за турските лекари Шахин и Туреџи

Бев многу среќна поради тоа што е Угур Шахин и сопругата Озлем Туречи од турско потекло се едните од оние кои дадоа основен научен придонес за пронаоѓањето на вакцината од страна на компаниите BioNTech и Pfizer

1541453
Пофалби од Меркел за турските лекари Шахин и Туреџи

 

Германската канцеларка Ангела Меркел упати пофалби на сметка на децата на турските печалбари, д-р Угур Шахин и неговата сопруга д-р Озлем Туречи, основачите на компанијата BioNTech, која разви вакцина против новиот вид коронавирус (Ковид-19).

Меркел во интервјуто за радиото „Метропол Фм“ кое емитува емисии на турски и германски јазик во 16 градови на Германија, рече: „Бев многу среќна поради тоа што е Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи од турско потекло се едните од оние кои дадоа основен научен придонес за пронаоѓањето на вакцината од страна на компаниите BioNTech и Pfizer.

Изјавувајќи дека сметаат оти вакцината подготвена од BioNTech во Европа ќе може да се користи на почетокот на јануари, Меркел посочи на потребата од имунизирање на 70 проценти од општеството за да се спречи епидемијата на Ковид-19.

Меркел во продолжение рече:

„Ќе бидат потребни месеци за да се вакцинираат толку многу луѓе. Најпрвин треба да се заштитат старите лица и здравствените работници. Во втората половина на 2021 година ќе има повеќе вакцини, но со оглед на зимските месеци, сè уште нема доволно вакцини“.

Опишувајќи колку добро ја знае вредноста што и се дава на семејството во Турција, Меркел рече:

„Почитта кон возрасните во семејството во Турција е многу големо, меѓутоа особено возрасните треба да се заштитат. Знам колку големо значење се придава на семејството во Турција. Дури и да се постигне имунитетот во општеството, уште одреден период ќе бидеме принудени да го одржуваме растојанието со луѓето“ подвлече Меркел.



Слични вести