ЕУ и Велика Британија не можеа да постигнат согласност во преговорите за трговски договор

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен истакна дека Европската унија (ЕУ) и Велика Британија не можеа да постигнат согласност во преговорите за трговски договор

1541859
ЕУ и Велика Британија не можеа да постигнат согласност во преговорите за трговски договор

Европската унија и Велика Британија не можеа да постигнат согласност во преговорите за трговски договор.

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен на својот профил на социјалната медија даде изјава во врска со преговорите за Брегзит (одделувањето на Велика Британија од ЕУ) меѓу Европската унија (ЕУ) и Велика Британија.

Фон дер Лејен истакна дека оствари телефонски разговор со британскиот премиер Борис Џонсон со кого разговарале за последната состојба во преговорите за договорот којшто ќе ги обликува трговијата и односите меѓу Европската унија (ЕУ) и Велика Британија во иднина.

Таа констатира: „Поради разликите во однос на критични прашања не постојат услови за договор.“

Укажувајќи дека засега не можеше да се постигне компромис во значајни наслови како средината на праведна конкуренција, контролата и риболовот, претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен информира дека за разговарање за останатите спорови во наредните денови ќе се состанат и ќе разговараат со британскиот премиер Борис Џонсон во белгискиот главен град Брисел.



Слични вести