Генералното собрание на ОН усвои резолуција за повлекување на руските воени сили од Крим

За резолуцијата која не е обврзувачка, на одржаното гласање во Генералното собрание на ОН кое брои 193 земји членки, беа добиени 63 „за“, 17 „против“ и 62 „воздржани“ гласа

1541595
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за повлекување на руските воени сили од Крим

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) усвои резолуција со која се бара од Русија во најскоро време да ги повлече своите воени сили од Крим и се упатува повик „без задоцнување да стави крај на привремената окупација на териториите на Украина“.

Резолуцијата која не е обврзувачка на одржаното гласање во Генералното собрание на ОН кое брои 193 земји членки, беше усвоена со 63 гласа „за“, 17 „против“ и 62 „воздржани“.

Во резолуцијата се истакнува дека се осудува окупацијата на Крим и градот Сивастопол од страна на Русија, а воедно се потврдува дека не се признава анексијата и се вели дека заземањето на Крим со употреба на сила е незаконско и претставува кршење на меѓународното право.

Во резолуцијата се упатува до земјите членки на Обединетите нации (ОН) и меѓународните организации да соработуваат со ОН и да ги поддржат напорите за ставање крај во најскоро време на руската на Крим. 

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) се истакнува дека се чувствува длабока загриженост од "испраќањето на се поголем број војници од страна на Русија на Крим" и од "трансферот на современи вооружени системи на териториите на Украина, вклучувајќи и авион со нуклеарен капацитет, ракети, оружје, муниција и воени трупи".

Во резолуцијата исто така се осудува тоа што Русија ги користи воените индустриски фирми на Украина коишто ги зазеде на Крим.

Се бара од Москва да стави крај на обидите за проширување на својата сфера на надлежност на нуклеарните постројки и материјали на, Крим, а воедно се нагласува дека се приговара на тоа што Русија ги регрутира за воена служба жителите на Крим вклучувајќи ги и украинските граѓани.

Во усвоената резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации се осудува Русија поради тоа што гради бродови на Крим и се упатува повик до Москва да се воздржува од попречување на пловидбата којашто се реализира во Црното Море, Азачкото Море и Керченскиот теснец во рамките на меѓународното право. 

Резолуцијата која е поддржана од Западните земји, но не е обврзувачка, се вели дека го презентира ставот на светската јавност по прашањето на анексијата на Крим.

Инаку, слична резолуција во Генералното собрание на Обединетите нации во врска со Крим беше усвоена и во 2019 година. 

Русија., во 2014 година ги анексира Автономната Република Крим и градот Сивастопол. 

По анексијата на Крим и судирите во источниот дел на Украина, Европската унија (ЕУ), Соединетите Американски Држави (САД) и некои други земји почнаа да спроведуваат санкции против Русија.



Слични вести