(ВИДЕО) Поплави во Иран

Во округот Хормузган во покраината Парсијан бројот на лицата кои ги загубија животите се зголеми 7 лица

1540791
(ВИДЕО) Поплави во Иран

 

Во поплавите во Иран кои ги погодија јужните предели на земја, односно во округот Хормузган во областа Парсијан бројот на лицата кои ги загубија животите се зголеми за уште 5 и изнесува 7 лица.

Според иранската полуофицијална новинска агенција Тесним, поројните дождови предизвикаа поплави во јужните провинции Хузестан, Исфахан, Бушер, Фарс, Јазд и Хормузган.

Во подрачјата кои беа погодени од поплавата и каде што екипите за пребарување и спасување продолжуваат со активностите, досега во областа Парсијан во провинцијата Хормузган животите ги загубија 5 лица, а во областа Даштистан во провинцијата Бушр 2 лица.

Додека силниот дожд што трае неколку дена во јужните провинции на Иран негативно влијаеше врз за животните услови, предизвика поплави во многу градови.

Поплавени се многу градови на покраина Хузестан како што се Ахваз и Бушер.



Слични вести