Украина и Турција одржуваат разговори за производството на ракетен фрлач

Олег Урускиј рече дека во рамките на посетата разговарале за претходно дискутираните проекти

1541130
Украина и Турција одржуваат разговори за производството на ракетен фрлач

 

Украинскиот вицепремиер и министер за стратешка индустрија Олег Урускиј рече дека со Турција водат разговори за производство на ракетен фрлач.

Урускиј, во интервју за украинските медиуми ја оцени минатонеделната посета на Турција заедно со премиерот Денис Шмигаљ.

Истакнувајќи дека бараат сериозни партнери во производството на ракетниот фрлач, Урускиј потенцираше дека во врска со прашањето одржале средби со Турција.

Урускиј рече дека во рамките на посетата разговарале за претходно дискутираните проекти, потенцирајќи дека се многу близу до потпишување на поважни договори, особено за беспилотни летала (дронови) и мотори на авиони.



Слични вести