Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 46.584.000

1540580
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

 

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот изнесува над 1.544.000. Бројот на заразени од вирусот изнесува над 67.541.000, а бројот на оздравените над 46.717.000.

Во Соединетите Американски Држави (САД), која земја се смета за епицентар на епидемијата, бројот на смртните случаи како резултат на Ковид-19 се зголеми на 288.984. Бројот на заразени лица во земјата се зголеми на 15.169.000. Поради зголемените случаи на коронавирус во градовите Сан Хоакин и Јужна Калифорнија во државата Калифорнија беа издадени упатства „останете дома“. 27 милиони луѓе биле изложени на последиците на наредбата што стапила на сила во регионот каде се наоѓаат градовите Лос Анџелес и Сан Диего.

Бројот на смртните случаи во Англија поради вирусот се зголеми на 61.245. Бројот на заразените во земјата изнесува 1.723.000. На 8 декември (утре) ќе започне вакцинацијата на вакцината против Ковид-19, развиена од страна на турскиот научник проф. д-р Угур Шахин кој е основач на германската биотехолошка компанија БиоНТех, а во заедничка соработка со американската фармацевтска компанија Фајзер.

Бројот на смртните случаи поради епидемијата во Италија во последните 24 часа, се зголеми за уште 564 лица и достигна 60.078. Бројот на заразени лица се зголеми за уште 18.887 и изнесува 1.728.878.

Во Франција, поради Ковид-19 животите ги загубија 55.155. Бројот на заразените во земјата се зголеми на 2.292.000.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Шпанија се зголеми на 46.252. Во земјата се регистрирани 1.699.000 заразени.

Во Германија, каде бројот на смртните случаи поради епидемијата изнесува 19.166 лица, 53 отсто од испитаниците истакнаа дека веднаш по одобрувањето на вакцината ќе се вакцинираат, 15 отсто се изјасниле „можеби ќе се вакцинираат“, 13 отсто „дефинитивно нема да вакцинираат“, 10 отсто одговориле „Не знам“. Според резултаѕите од анкетата, две третини од оние над 60-годишна возраст и само една четвртина од оние од 16-39 годишна возраст се изјаснија дека дефинитивно ќе се вакцинираат. Владата за поттикнување на вакцинацијата ќе организира сеопфатна информативна кампања за вакцинирање.

Од почетокот на епидемијата во Грција, регистрирани се 3.003 смртни случаи и 115.471 заразени. Портпаролот на владата Стелјо Петсас истакна дека општиот карантин во земјата, кој се предвидува да трае до 14 декември и полицискиот час од 21.00-05.00 часот по локално време ќе продолжи до 7 јануари, додавајќи дека опсегот на оваа одлука вклучува ограничување на патувањето надвор од градот.

Бројот на смртните случаи поради Ковид-19 во некои други земји е како што следува:

Бразил (176.962), Мексико (109.717), Аргентина (39.770), Колумбија (37.808), Перу (36.274), Полска (20.089), Белгија (17.320), Чиле (15.628), Еквадор (13.778), Украина (13.588), Канада (12.665) и Романија (12.320).



Слични вести