Министрите за надворешни работи на ЕУ се состанаа во Брисел

На широкиот дневен ред се наоѓаат и односите со Турција

1541099
Министрите за надворешни работи на ЕУ се состанаа во Брисел

 

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија (ЕУ), пред Самитот на лидерите на ЕУ што ќе се одржи на 10-11 декември, се состанаа со широк дневен ред во кој се наоѓаат и односите со Турција.

Главна тема на состанокот на министрите во Брисел беа состојбата по изборите во Грузија, парламентарните избори во Венецуела, размена на мислења за тоа како ќе се обликуваат односите меѓу ЕУ и САД по претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), механизмот на ЕУ за спроведување на човековите права, резултатите од новиот закон за безбедност во Хонг Конг, стратешката автономија на ЕУ како и односите со Турција.

Согласно одлуката на земјите членки на ЕУ усвоена  на самитот на 1 октомври, деталните дискусии за односите меѓу ЕУ и Турција се очекува да започнат на претстојниот самит на лидерите кој ќе започне на 10 декември.

На денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, се планира да се утврди рамката што ќе ги насочи дискусиите на лидерите на претстојниот самит.



Слични вести