Ќе продолжат демонстрациите во Франција

Француската полиција врз демонстрантите интервенираше со солзавец и водени топови.

1540586
Ќе продолжат демонстрациите во Франција

 

Во Франција беше упатен повик да продолжат со демонстрациите против законот за безбедност што предизвика социјални настани.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Колективот „Не за општиот закон за безбедност“ составен од претставниците на медиумите, организациите за човекови права и синдикатите, беше наведено задоволството од акциите што беа организирани претходниот ден во 90 градови во земјата.

Во соопштението, во кое беше наведено дека демонстрациите поминаа мирно, се наведува дека стратегијата што ја следеше полицијата за време на протестите во главниот град Париз, предизвикала насилство.

Во соопштението беше потенцирано дека претседателот Емануел Макрон не го прифатил барањето на претставниците на Колективот за одржување средба.

Во соопштението исто така беше подвлечено дека демонстрациите го покажаа нивото на реакцијата, поради што беше упатен повик за продолжување на протестите се додека не се повлече нацрт-законот.

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Жерал Дарманин на својот профил на Твитер истакна дека за време на демонстрациите биле приведени 95 лица, а 67 полицајци биле повредени.

Француската полиција врз демонстрантите интервенираше со солзавец и водени топови. Активистите запалија многу возила и канти за ѓубре и ограбија продавници и банки.

Додека во земјата беше критикуван членот 24 од нацрт-законот со образложение дека може да ги наруши слободата на печатот и приватноста и да го зголеми полициското насилство, неодамнешното полициско насилство врз новинарите и активистите беше предмет на дискусија.

По реакциите беше донесена одлука за повторно пишување на 24-от член на нацртот.



Слични вести