Ерменија во војната со Азербејџан изгуби 80 отсто од својата армија и оружје од 4,8 милијарди долари

Ерменија во војната на која се нафати со Азербејџан изгуби 80 отсто од својата армија и оружје во вредност од 4,8 милијарди долари

1540163
Ерменија во војната со Азербејџан изгуби 80 отсто од својата армија и оружје од 4,8 милијарди долари

Ерменија во војната на која се нафати со Азербејџан за да не ги напушти териториите коишто ги окупира пред приближно 30 години, изгуби 80 отсто од својата армија и ѝ беше уништено оружјето во вредност од 4,8 милијарди долари.

Азербејџанската армија која на 27 септември започна операција за ослободување на своите окупирани територии од страна на Ерменија во Нагорно Карабах и 7 околни области (реони), за време на војната којашто траеше 44 дена ги ослободи своите окупирани територии и ѝ нанесе тежок удар на ерменската армија.

Најголемата штета врз ерменската армија која во текот на периодот на окупацијата своите одбранбени линии ги зајакна со дебели бетонски ѕидови, и беше нанесена од страна на наоружаните беспилотни летала (СИХА) од турско производство кои се наоѓаат во инвентарот на Азербејџан.

Според истражувањето на Државниот универзитет за статистика (UNEC) на Азербејџан, Ерменија во војната изгуби оружје во вредност од 4,8 милијарди долари.

Изјавата на поранешниот премиер на Ерменија Хрант Багратјан „Уништена е 80 отсто од нашата армија. Претрпевме голем пораз.“, на најдобар начин го изнесува пред очи поразот што го доживеа ерменската армија.

Инаку, азербејџанската армија во операцијата што ја започна на 27 септември во време од 44 дена ослободи од окупација 5 градови, 4 градчиња и 286 села, по што Ерменија мораше да го признае поразот.

Согласно договорот за примирје што го потпиша, Ерменија ги напушти и му ги предаде на Азербејџан окупираните градови Агдам, Лачин и Келбеџер.

 



Слични вести