Турскиот совет изрази сочувство за загинатите азербејџански војници во војната со Ерменија

Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет) во споделената објава на својот профил на Твитер изрази сочувство за загинатите азербејџански војници во војната со Ерменија, а на ранетите им посака побрзо оздравување

1539296
Турскиот совет изрази сочувство за загинатите азербејџански војници во војната со Ерменија

Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет) изрази сочувство до Азербејџан и до целиот турски свет за загинатите азербејџански војници во војната со Ерменија.

Турскиот совет им посака милост од Аллах на 2.873 азербејџански војници кои станаа шехиди (загинаа) во војната која започна на 27 септември и заврши на 10 ноември откако Ерменија го призна поразот и го потпиша договорот за примирје, а на ранетите (газии) азербејџански војници им посака побрзо оздравување.

Во споделената објава на профилот на Турскиот совет на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „На нашите 2.873 шехиди (загинати) азербејџански војници кои ги положија своите животи за татковината во праведната борба на членот на Турскиот совет братски Азербејџан за воспоставување на својот територијален интегритет им посакуваме милост од Аллах, на нашите ранети војници (газии) им посакуваме побрзо оздравување, го изразуваме нашето сочувство до Азербејџан и до целиот турски свет.“



Слични вести