Специјалниот претставник на САД за Авганистан Халилзад ќе престојува во посета на Турција и Катар
Специјалниот претставник на САД за Авганистан Залмај Халилзад ќе престојува во посета на Турција и Катар кадешто ќе оствари разговори посветени на авганистанските мировни преговори

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Авганистан Залмај Халилзад ќе престојува во посета на Турција и Катар кадешто ќе направи проценка на мировните преговори за Авганистан.
Во објавеното писмено соопштение од американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) се истакнува следното: „Халилзад во Турција ќе разговара за меѓународната координација за мировните преговори во Авганистан и поддршката на Турција по ова прашање.“
Во соопштението се вели дека специјалниот претставник Залмај Халилзад во Катар ќе разговара со страните во Авганистан и му се одделува место на следниот став: „Страните своите активности за политичката карта и постигнување договор за сеопфатен и траен мир треба да ги градат над доловениот интензитет во моментов.“
Халилзад рече дека освен во Анкара и Доха ќе оствари разговори за поддршка посветени на авганистанските мировни преговори и во регионот.
Инаку, во изминатите денови беа повторно започнати миривните преговори помеѓу авганистанската влада и делегацијата на Талибан кои започнаа на 12 септември во Доха и поради разликите во ставовите помеѓу страните беа прекинати.
Со согласноста и на двете страни е постигнат договор по прашањето на методот на преговорите и сега ќе се започне со преговори по прашањето на содржината на мировните преговори.
Засега не е познато колку дена ќе траат вторите преговори и доколку завршат позитивно и овие преговори, ќе се започне со главните мировни преговори.